Битола Зелена – Зелена Опција За Градот на Конзулите

И битолчани на престојните локални избори ќе имаат опција да изберат свои советници од вистински и посветени зелени борци. Градот на конзулите ќе има можност да постане Зелен Град по мерка на граѓаните.

Носител на листата е Ристенка Алтипармаковска, досегашен советник и препознатлив и признат зелен борец.

Алтипармаковска на својот профил на Facebook напиша: „БИТОЛА ЗЕЛЕНА! Благодарам БИТОЛЧАНИ за секој Ваш потпис! Вашиот потпис е моја должност за Битола и БИТОЛЧАНИ.“

И со досегашниот мандат како единствен зелен Советник, Алтипармаковска успеа да ја актуелизира потребата од ЗЕЛЕНА опција за Битола. Веруваме дека и со новиот мандат Битола ќе продолжи уште поуспешно да биде дел од имплементацијата на Зелената Агенда за Македонија и Западен Балкан.

Фокусот на лицата кои се дел од оваа Зелена листа за Советот ќе биде кон зачувување на автентичниот изглед на Битола – што претставува белег на Битола и спој на минатото со посветена грижа за препознатлива иднина! Друг битен фокус на зелените ќе биде јавниот превоз, велосипедските патеки, заштитата на природните ресурси и справување со дивите депонии.

Покрај сивилото на политичката сцена со оваа зелена листа битолчани ќе имаат можност да гласаат за зелена опција и со тоа да чекорат кон европските трендови на трансформација на општествата кон зелено.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search