Петровска им оддржа предавање на другите кандидати за Градоначалник!

На дебатата на ТВ24 на кандидатите и кандидатките за градоначалник/градоначалничка за Град Скопје, кандидатката со ред број 104 Ана Петровска им оддржа предавање за како Скопје би можел да постане навистина Зелен Хуман Град.

На дебатата видливо беше дека голем број од кандидатите ниту имаат програма за својот настап, ниту го познаваат Град Скопје и неговите проблеми и потреби, а уште помалку имаат стратегија или визија како доколку бидат избрани за градоначалник би го менаџирале градот.

Немајќи програма ниту конкретни решенија споменатите понуди и предлози на кандидатите за градоначалник на Град Скопје единствено ја критикуваа работата на актуелниот градоначалник Шилегов, за чија што работа навистина има што да се зборува, посебно на темата како Скопје се гуши во сообраќаен метеж и загадување.

Изгледа мнозинството од кандидатите се кандидирани само за да се себеизрекламираат и да ја замајуваат јавноста со теми од научната фантастика.

Дел од кандидатите наместо да говорат за растеретување на градскиот сообраќаен метеж или да предложат солуција за таа состојба говореа дека би вовеле бесплатен паркинг во градот, што би значело дека тие сегашната состојба на сообраќаен хаос и висок степен на загаденост од сообраќај дополнително би ја зголемиле.

Конструктивни предлози за Град Скопје на прсти избројани можеа да се слушнат од кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Арсовска и кандидатот на Интегра, Тодор Ношпал, за чии што сепак предлози на Град Скопје би му бил потребен цел републички буџет, додека актуелниот градоначалник повеќе говореше само за тековни веќе во оптег проекти без јасна визија како тие би го подобриле квалитетот на живот во Скопје и без граѓаните да бидат консултирани.

За единствени конкретни решенија и предлози за зачување и враќање на јавните простори и заштита и проширување на парковите, со цел спречување на бетонизацијата на градот говореше кандидатката за градоначалничка Ана Петровска. Таа издвои и дека врвен приоритет ставаа на хигиената, на олеснување на движењето на граѓаните и на намалување на загадувањето. Петровска истакна и дека: „Потребни се стручни и непоткупливи луѓе на чело на Град Скопје, со една единствена цел – заштита на граѓаните од урбанистичката мафија .Скопјани заслужуваат зелен и хуман град.“

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search