Тендери само за climate-friendly производи

Новата германска влада е составена од Социјал Демократите, Зелените и Слободните демократи. Според коалицискиот договор покрај низата договорни услови за коалицијата е предвидена и мерка според која на секој кров на новите комерцијални објекти и објекти за домување задолжително треба да се инсталира фотонапонска централа.

Таргетот е до 2030 година, 80% од произведената енергија да биде обновлива и во истата година да се престане со согорување на јаглен.

Со даночна политика се што е добро за климата ќе биде оданочувано поевтино, а она што и штети на климата ќе биде поскапо оданочувано.

Гасот ќе се користи за време на транзицијата НО!!! сите гасни инсталации мора да имаат припрема за премин кон зелен водород (технички за тоа се користи истата турбина но потребно е да се извршат корекции, со што би се овозможило и плус складирање).

Германија ќе стане главна движечка сила во снабдувањето со зелен водород, а истото тоа ќе го побарува и ЕУ за цела Европа, со цел да стане светски центар на водородна технологија.

Со ова ќе се стимулираат климатски неутралните производи преку нивно фаворизирање во јавните набавки (преведено: државата на тендери ќе набавува само climate-friendly производи).

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search