Скопје Мора Да Дише!

Сите во еден глас: Скопје мора да дише!

Бараме похумани услови за живот во во нашиот главен град, а посебно во Општина Центар. Приоритет на работењето на Општина Центар треба да бидат похуманите услови за живот на жителите на оваа општина. По прекинувањето на мораториумот за градби во општината повторно започна инавазијата на бетонизација на оваа општина. Освен дозволите за градби во централното градско подрачје на габаритни висококатници каде што зеленилото е застапено во вертикала (по нацрт проектите кои се прикажуваат од страна на надлежните институции) голема офанзива е започната и со изградба на згради за домување и на самата планина Водно.

Освен тоа што ова подрачје е ризично за градба поради ерозивното земјиште интересен е и податокот дека иако се издаваат дозволи за градба каде од семејни куќи за краток временски период изникнуваат згради на улиците не е направена промена ниту на водоводната ниту на канализационата мрежа. Затоа за време на поројни дождови доаѓа до преблеми во домовите кои се наоѓаат подолу на планината. Иако економски ова ќе ја погоди општината сепак за похуман живот на граѓаните на оваа општина потребно е повторна ревизија на сите дозволи за градба и промена на ДУП-от на општината.

Исто така во општина Центар е потребно зголемување на бројот на корпите за отпадоци и бројот на контењери за селектирање на отпадот. Но освен поставување на корпите за отпад потребна е и едукација на самото население за одржување на чиста животна средина.

З.М.Х – Зелен активист

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search