НЕКОИ КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ СЕ НЕПОВРАТНИ -Се Вели Во ИЗВЕШТАЈОТ НА ООН

Во наредните две децении, температурите веројатно ќе пораснат за повеќе од 1,5 Целзиусови степени, што ќе доведе до природни катастрофи и екстремни временски услови, а не е исклучено до крајот на векот нивото на морињата да се зголеми за речиси два метра.

Човечките активности ја меуваат климата на Земјата на начини какви што не се видени илјадници, ако не и стотици илјади години, при што некои од промените се неизбежни и неповратни, предупредија научниците во голем извештај објавен од Обединетите нации.

Ако ги здружиме силите сега, можеме да ја избегнеме климатската катастрофа.

Меѓународниот панел за климатски промени (ИПЦЦ) заклучи дека единствено забрзано и драстично намалување на емисијата на стакленички гасови во оваа деценија може да го спречи или ублажи ова црно сценарио.

Како што се истакнува во извештајот, нема време за одложувања или изговори“, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутерес.

Во документот на 42 страници се вели дека е очигледно дека човечкото влијание ги загрева атмосферата, океаните и земјата.
„Тоа е факт, не можеме да бидеме појасни од ова. Неспорно е дека луѓето ја загреваат планетата“, вели Ед Хокинс од Универзитетот во Рединг, еден од авторите на извештајот.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search