Енергијата кај граѓаните!

Здружението за одржлив социо-економски развој „Изгрејсонце“ – Скопје ја одржа конференцијата „Енергијата кај граѓаните“ како дел од вебинарот за зелени политики со поддршка на Европската зелена фондација/ GEF – Green European Foundation.

Говорници на конференцијата беа: Александар Ѓорѓиевски, претседател, Здружението Изгрејсонце, РС Македонија, Антонија Прока, проектна менаџерка на REScoop.eu, Мелани Фурлан, експерт за енергетика од Зелената енергетска задруга, Загреб, Хрватска и Драган Миновски, професор на Електротехничкиот факултет во Штип и претседател на Институтот за економија и енергетски политики и истражувања во РС Македонија.

„Област во која енергетските задруги може да се фокусираат е енергетската ефикасност и употребата на обновливите извори на енергија и подигнување на свесноста за енергетска демократија во локалната заедница, особено меѓу ранливите групи и граѓаните кои живеат во енергетска сиромаштија“, посочи Антонија Прока, проектна менаџерка на REScoop на настанот „Енергијата кај граѓаните“.

Мелани Фурлан експерт за енергетика на заедницата истакна дека е потребно „Граѓаните треба да имаат пристап до енергетските ресурси, особено до обновливата енергија и тие самите да може да инвестираат во соларни панели. Тука многу е важна едукацијата, но и поддршка од институциите, финасискиот сектор, компаниите и граѓанските организации“.

За на крај професорот Драган Миновски да заклучи дека „Демократизацијата на енергетската транзиција е клучен процес и за биде праведен тој треба да ги вклучи сите чинители во општеството. Мораме да бидеме внимателни, а граѓанинот да биде во центарот на енергетската транзиција“.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search