Еден вид на полнач за сите уреди. Намалување на е-отпадот

До 2024 година, заедничкиот полнач ќе биде задолжителен за сите преносливи електронски уреди во ЕУ, со што собирањето куп кабли ќе стане минато.

Мобилните телефони, таблетите и камерите ќе користат USB тип C. Ќе се усогласи технологијата за брзо полнење.

Заедничкиот полнач ќе ја зголеми удобноста на европските потрошувачи и значително ќе го намали електронскиот отпад.

Што е е-отпад?

Е-отпад или електронски отпад се создава кога електронскиот производ се исфрла по истекот на неговиот корисен век. Брзата експанзија на технологијата и општеството водено од потрошувачката резултира со создавање на многу голема количина на е-отпад.

Зошто е-отпадот е проблем?

Е-отпадот е најбрзо растечкиот тек на отпад на глобално ниво. Сè уште многу малку од него се рециклира. Правилното управување со крајот на употребниот век на уредите значи не само справување со опасни материјали туку и со чувствителни податоци.

Зошто е важно да се реши проблемот со е-отпадот?

Подобрувањето на собирањето, третманот и рециклирањето на електричната и електронската опрема (ЕЕЕ) на крајот од нивниот животен век може да обезбеди:

-подобрување на одржливото производство и потрошувачка

-зголемување на ефикасноста на ресурсите

-придонесе за циркуларната економија

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search