Дали климатските промени ќе предизвикаат истребување на човештвото?

Ефектите од климатските промени како што се високите температури, силни ветрови, урагани и поплави стануваат наша реалност.

Научниците предвидуваат голем број катастрофални сценарија ако климатските промени не се држат под контрола и не се преземат конкретни чекори против загадувањето и намалувањето на емисиите на јаглерод диоксид во воздухот.

Научниците предупредуваат дека игнорирањето на климатските промени ќе донесе влошувње на животниот стандарт за човештвото. Но, ако работите се влошат, дали климатските промени може да предизвикаат луѓето да исчезнат?

Не се знаат точните причини зошто неандерталците исчезнале пред околу 40 000 години, но климатските промени се чини дека ја поделиле нивната популација во помали групи, а температурните флуктации влијаеле врз растенијата и животните на кои ги користеле како исхрана. И ден денес сме сведоци на исчезнување на цели животински и растителни видови поради климатските промени кои се случуваат на планетата Земја.

Сите главни настани за масовно истребување во историјата на Земјата вклучуваат некакви климатски промени. Тука спаѓа ладењето пред околу 440 милиони години, што избриша 85% од видовите и затоплувањето пред околу 200 милиони години.

Според научниците, глобалното зголемување на температурата од 5,4 степени Целзиусови или повисоко може да доведе до колапс на нашата социјална инфраструктура и масовни немири и конфликти, да доведат до недостиг на храна и вода, што има потенцијал да поттикне социјален колапс и глобални конфликти низ целиот свет.

Еден од начините на кои климатските промени можат да предизвикаат социјален колапс е да се создаде прекини во снабдувањето со храна. Глобалното затоплување има голем број негативни влијанија врз производството на храна, вклучително и зголемување на дефицитот на вода и со тоа намалување на жетвата и приносот од произвотство на земјоделците.

Тука се поставува прашањето дали климатските промени можат да доведат до истребување на човештвото!?

Студија објавена на 21 јули во списанието Sustainability идентификуваше земји кои најверојатно ќе го преживеат глобалниот социјален колапс и ќе го одржат својот начин на живот. Пет островски земји, вклучувајќи ги Нов Зеланд и Ирска, беа избрани затоа што може да останат функционални преку земјоделство и сточарството, благодарение на релативно ниските температури, ниските временски промени и другите фактори што ги прават поотпорни на климатските промени.

Иако избегнувањето на целосно истребување не звучи премногу оптимистички, има причина за надеж. Научнивите велат дека не е предоцна да се избегнат најлошите сценарија со значително намалување на емисиите на стакленички гасови, загадувањето и користење на зелени и обновливи извори на енергија.

пишува: Борче Николоски

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search