Време за неверување – ден по трагедијата во Тетово

Во Тетово, синоќа, се случи она што можеше да се случи и во Пробиштип, Берово, Струга, Кочани, Дебар, во секој диспанзер, болница, амбуланта за обични луѓе, смртници, граѓани без врски и познанство. Институции од кои нема голем ќар, профит, наменети за средните и ниски слоеви кои редовно ја плаќаат сметката на нееднаквоста во општеството. Неполн час по објавувањето на веста за трагедијата, пред очи веќе струеја реки информации за пропустите, за неквалитетот на објектот, за опасноста која виреела и само чекала искра за да пламне.

Но што повеќе ги читав информациите, толку повеќе се составуваше сликата за целосниот крах на комуникациите во нашето општество и држава. Некои меѓу нас знаеле, алармирале и предупредувале, одговорно и немоќно. Некои од нашите медиуми знаеле, но информирале онака, внимателно за да не се растревожат партиските газди. Некои од политичарите знаеле, но чекале да поминат анкетите, кампањите, изборите. А сите ние заедно, знаевме, толериравме, изговори баравме и наоѓавме, премолчувавме. За да не се замериме. Така беше пред трагедијата, секоја трагедија.

Дали медиумите ќе се откажат од наоѓање изговори за одговорните од блиската опција? Дали политичарите ќе одолеат на поривот за флоскули „оваа трагедија нѐ зближи, оваа трагедија укажа на пропусти, оваа трагедија потврдува дека се нужни реформи”? Дали ние, граѓаните, ќе постапуваме поинаку во соочувањето со соопствениот удел во трагедијата? Би сакал да кажам дека сѐ уште веруваме. Но по сите искуства со злоупотребата на вербата како наивност, не преостанува друго освен – да не веруваме.

ЛИНК до целата колумна од Арсим Зеколи.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search