Улогата на медијацијта во руско украинскиот конфликт

И денес едно од главните случувања во светот останува руската инвазија на Украина која пред точно 397 дена Путин ја претстави како специјална воена операција, за да подоцна и самиот тој го употреби зборот војна зборувајќи за воените активности на бојното поле, случјано или не проценете сами.

Како и да го категоризираме, овој воен судир дефинитивно е тежок удар за светската економија, снабдувањето на Европа со фосилни горива и најважно животот и благостојбата на илјадниците невини граѓани во погодените украински региони, што секојдневно резултира со нови жртви.

Ниту една од многуте ригорозни санкции кои северноатланските сојузници и ги наметнаа на Русија не го спречи Путин, ниту пак стави крај на војната во Украина. Дефинитивно, потребен е друг пристап. Низ историјата, во ваквите конфликти многупати сме се потпирале на потенцијалот на посредувањето, односно медијацијата.

Клучен елемент за Русија и Украина да седнат на маса и доброволно се одлучат за медијација е посредникот кој ќе го води процесот. 

Израел е една од ретките земји што има добри работни односи и со Русија и со Украина. Таа испорача 100 тони хуманитарна помош во земјата и најави дека таму ќе формира теренска болница. Во Украина живеат и околу 200.000 Евреи, од кои стотици веќе побегнаа во Израел, а се очекуваат многу повеќе.

Сепак, врските на Израел со Русија се од стратешко значење. Израел се потпира на Русија за безбедносната координација во Сирија, каде што Русија има воено присуство и каде што израелските авиони често гаѓаат цели за кои се вели дека се складишта за оружје наменети за непријателите на Израел.

Од друга страна, има добри причини зошто Кина треба да биде чесниот посредник во оваа криза. Покрај добрите односи со Русија, успешното посредување во голема меѓународна криза може значително да го зајакне самиот глобален статус на Кина а мирот во Европа придонесува и за економската стабилност во Кина. 

Но, се чини дека Кина не сака да води посредување од трета страна. Кина би можела да не сака да ги загрози своите односи со Русија и да ризикува да застане сама против „непријателскиот западен блок“. Освен тоа, Пекинг мора да биде внимателен и поради ситуацијата со Тајван, чие кинеско воено превземање би предизвикало уште посилни глобални реакции имајќи ја поголемата стратешка вредност на Тајван за САД.

САД, како најголем подржувач го имаат најголемото влијание во Украина, но во контекст на американско посредување клучен проблем е категоричната реторика на Бајден дека целосна победа е единствена варијанта која може да се смета за успех, што никако не е во фундаменталните вредности на медијацијата во која сите треба да бидат победници на крајот на процесот преку постигнување комрпомис.

Очигледно, обезбедувањето мир нема да биде лесен процес. Тој бара вклучување на сите влијателни играчи во светската политика бидејќи иако судирот е само помеѓу Русија и Украина, истиот донесе сериозни последици во најголем дел за Европа но и останати делови од светот и отвори суштински прашања како зависноста на Европа од руските деривати на нафта.

Автор: Стефан Атанасовски Трајковиќ

Изнесените ставови се ставови на авторот*

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search