Се плашев да честитам 30 години независност!

Вчерашниот ден беше убав повод. 30 години независност. Искрено се плашев да честитам. На Илинден не задесија пожари. Некако како грутка во грло ми беше собрана да не не задеси некоја трагедија повторно. Денот убаво помина со прослави. И таман на крајот ќе изговорев некако. Се случи и трагедија со 14 изгубени животи.

А требаше да говориме за јубилејот. За тоа како на 8ми септември 1991 година се одржа референдум на кој околу 75 проценти од 1,3 милиони лица со право на глас се изјаснија Македонија да стане суверена и независна држава. Од денешен аспект има различни гледишта што направивме и што требаше да се направи за нашата држава да биде подобро место за живеење.

Во 2021 година Македонија е една од најзагадените држави во Европа. Граѓаните се жалат на енормна загаденост на воздухот и големиот број депонии на несоодветни места. Многу градови од нашата држава се наоѓаат високо на листата на AirVisual на градови каде воздухот е опасен за чувствителни категории на граѓани.

Аерозагадувањето не само што само по себе претставува голема опасност, туку и дополнително го олеснува патот на вирусите до белите дробови, што и тоа како претставува проблем во ера на пандемија.

Граѓанските активисти се борат да се намали нивото на загаденост но на нивните барања најчсто остануваат глуви институциите и политичките елити. Секоја чест на чесните исклучоци е реакцијата на инстутуциите во случајот на фабриката “Пејпер Мил” и откривањето на скандалот со третман на медицински отпад во погоните на МЗТ од страна на фирмата “Еко клуб“.

Триесет години за една држава значи т.н полнолетство и има доволно време да се направи систем за функционирање на законите. Токму тоа нефункционирање на законите доведе до бетонизација и уништување на зеленилото во градовите. Се родија многу дивоградби во центарот на градовите што го загушија нормалното функционирање на луѓето. Немање простор за пешачење, проблемот со паркинг места и недостигот на велосипедски патеки е стандарден проблем за граѓаните.

Уништувањето на зеленилото на сметка на бетонизацијата стана нормално во нашето општество. Покрај тоа сведоци сме на дива сеча и уништувањето на шумите, националните паркови и езерата. Прекумерната сеча на дрвата во шумските предели може да биде катастрофална во подолг времеснки период.

Се доведовме и до ситлација УНЕСКО да го стави Охридското Езеро во листата на светско наследство во опасност. Поради урбанистичкиот хаос, УНЕСКО бара да се отстранат дивопоставените објекти долж брегот на езерото и заштитеното подрачје на градот.

Во извештајот се нотира дека е неопходна заштита на старата грасак аритектура, се бара целосна забрана за градба, отстранување на урбаната опрема околу значајните знаменистори во градот, како и реконструкција на пешачката патека која го поврзува каналот „Студенчишта“ со „Горица 1“ бидејќи оценката е дека се прекинале природните врски меѓу езерото и блатото со што бил загрозен живиот свет.

Ние граѓаните кои искрено си ја сакаме оваа држава продолжуваме со борбата за залени и хумани градови кои ќе придонесат за поквалитетен животен стандард на сите. Се надеваме дека ова наша заложба еден ден ќе ја претвориме во реалност. И се надевам дека без задршка ќе можам да очекувам само добро.

Борче Николоски – зелен активист од Прилеп

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search