Ниту трага, ниту глас од Партиципативното тело на граѓаните во Куманово!

Минатата година Советот на Општина Куманово формирал Партиципативно тело за обезбедување вклученост и партиципација на граѓаните во постапката за изработка и донесување на урбанистичка документација. Во партиципативното тело биле номинирани членовите на Комисијата за урбанизам при Општина Куманово, изработувачите на планската документација, невладините организации, претставниците на месните и урбаните заедниц и поединци на доброволна основа.

Партиципативното телото како форма на дејствување имало деловник за работа кој го донел Советот на Општина Куманово, а целта била сугестиите на членовите да бидат вклучени во планските решенија и мислењата и потребите директно да бидат пренесени на Советот во Општината.

Телото требало да се собира еднаш на два месеци, или по потреба и почесто. Но спротивно на сите одлуки, останала само желбата за негово дејство.

Од конституивната седница на одржана на 19.02.2021, одржани биле само две дополнителни средби на 7-ми мај и 14-ти јуни.

За нефункционирањето на ова Партиципативно тело од Независната листа за Совет – За Чисто и Хуманово Куманово прашуваат: „Во Куманово не се планира да се Гради? Не се менуваат ли ДУПови? Не се носат ли Плански програми? Ако се дејствуваше врз основа на закон и одлуките на Советот – минимум еднаш на два месеца Партиципативнвото телото требаше да функционира. До сега во 8 (осум месеци ), требаше да има оддржано 4 состаноци и Телото да ја планира својата 5 та седница. Дали некој намерно врши опструкција на одредени субјекти и инвеститори? Или постојано треба да се добива амин од градоначалникот, наместо од граѓаните.“

Имајќи во предвид дека се започнати процесите за престојните локални избори изгледа граѓаните во Куманово ќе треба да дочекаат подобри времиња за да профункционираат на реален, не само на декларативен начин примерите како формираното Партиципативното Тело преку кое би можело да се слушне, почитува и вкалкулира гласот и мислењето на граѓаните.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search