Лизгање на инвестициски погрешни проекти!

turist

До кога ли експертите наши затворени во канцеларија ќе креираат погубни инвестициски проекти за кои нема иднина, а уште помалку можности за реализација во нашата држава? До кога канцелариски експерти ќе креираа инвестициски проекти кои би ја уништиле животната средина во Македонија?

Не многу оддамна владата на Груевски го донесе Субрата Рој, кој сакаше да гради огромен ресорт на Охридско Езеро со капацитет од 50.000 до 100.000 туристи, што ќе значеше губење на статусот од УНЕСКО за Охридското Езеро и уништување на целиот еко систем во езерото и во националниот парк Галичица. Сега повторно слушаме за мегаломански идеи, овојпат за скијачки центри.

Во коментарите видливо е дека народот сака едноставно и ова малку парче земја што го имаме да биде заштитено. Ние немаме резервна татковина. Ние немаме неограничен простор. Нашите ресурси се ограничени и не се потребни нови градби во заштитени подрачја и не е потребно сечења на шуми. Бујрум, инвестирајте во она што е веќе постоечко. Факт е дека зимската сезона во најдобри услови кај нас е 2 до 3 месеца, а скијачките центри во Маврово и Шар Планина зјајат празни кога нема снег.

Затоа не ни требаат нови градители, нови инвеститори кои дополнително ќе ја исечат нашата шума. Нас ни требаат инвеститори кои наместо на сезонскиот туризам ќе се посветат на алтернативниот туризам. Сезонскиот туризам носи непредвидливи гости и трае само неколку месеца. Алтернативниот туризам нуди можности за заштита и развој на секој еден регион од оваа држава.

Европските перспективи и труситичките трендови се повеќе се посветуваат кон Carbon FREE TOURISM – или туризам ослободен од јаглен. Туризам кој го избегнува масовниот туризам и се посветува грижата за природата и органската храна.

Затоа не случајно, најновата презентација за инвестиција во нови скијачки центри е дочекана како потсмев од познавачите на туристичките услови и можности кај нас.

Директорот на Invest Nort Macedonia, Дејан Павлески заедно со експертот за развој на ски ресорти од висока класа Даниеле Костантини го промовираа проектот за изградба на три нови луксузни ски центри на Јабланица, Бушова планина и Караџица.

Наводниот проектот е со вредност од 700 до 800 милиони евра и предвидува изградба на три нови туристички села на горенавеедените локации со вкупно 16 луксузни хотели со четири и пет ѕвезди, ресторани и околу 130 планински куќи со капацитет од над 5000 легла, понатаму жичарници, ски лифтови, над 180 километри алпски скијачки патеки, велосипедски и авантуристички патеки.

Во низата желби и планови на споменатите се вели дека: „Развојот на овој проект ќе ја промовира земјатa како врвна ски дестинација со конкурентни цени на скијачкиот пазар, во споредба со регионот и со меѓународните конкуренти и ќе даде силен импулс за развој на домашниот туризам и локалните и регионални бизниси, но секако и националната економија. Во период пред нас, ние како Агенција активно ќе работиме на промоција на овие проекти со цел истите во најскоро време и да се реализираат. Во наредните неколку месеци ќе ги презентираме и на светскиот настан ЕКСПО 2020 во Дубаи, а веќе остваривме прелиминарни контакти кои набрзо ќе резултираат и со директни презентации”.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search