Глобална даночна измама на светски лидери

Глобалната даночна измама ја поттикнува глобалната нееднаквост!
„Пандорините документи“ уште еднаш откриваат како богатите и моќните користат офшор компании за да го сокријат своето богатство.
Даночното затајување ја загрозува нашата демократија бидејќи луѓето ја губат довербата во владеењето на правото.
Ова е уште повеќе точно кога политичките елити го кријат своето богатство. На пример, се чини дека чешкиот премиер Андреј Бабиќ и кипарскиот претседател Никос Анастасијадес се длабоко вмешани во откритијата на документите „Пандора“.

Повикуваме на итна истрага!

На ЕУ и се потребни построги правила кои обезбедуваат целосна транспарентност и подобра размена на информации преку граници. Нема и не треба да престанеме да се бориме за ова!

Ние им должиме благодарност на новинарите во @icijorg кои го направија ова истражување за општо добро!

Тајните богатства и зделки на светски лидери, политичари и милијардери се откриени во едно од најголемите протекувања на финансиски документи досега. Околу 35 сегашни и бивши светски лидери и повеќе од 300 функционери и јавни личности се вклучени во документите за офшор компании, наречени „Пандорини документи“.

Тие го поврзуваат Владимир Путин со тајни средства во Монако и покажуваат дека чешкиот претседател Андреј Бабиш преку офшор компанија купил две вили на југот на Франција вредни вкупно 22 милиони долари. Според објавените податоци, бившиот британски премиер Тони Блер заработил 312.000 фунти така што не платил данок за купување канцеларии во Лондон, купувајќи ја и офшор компанијата која била сопственик на зградата.

„Пандорини документи“ содржат повеќе од 11,9 милиони извештаи, што Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари, мрежа на новинари и медиумски организации со седиште во Вашингтон, ги сподели со водечките светски медиуми. Тој не објави како дошол до сите овие податоци.

Во нив стои дека јорданскиот крал Абдула тајно собрал недвижности во САД и Велика Британија во вредност од 70 милиони фунти, додека азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и неговото семејство тајно биле вклучени во зделки за недвижности во Велика Британија од над 400 милиони фунти. Тие оствариле профит од 13 милиони фунти кога продале една од своите недвожности во Лондон на компанијата на британското кралско семејство.

Документите откриваат дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ги префрлил своите средства во тајна офшор компанија пред да победи на изборите во 2019 година, а се споменуваат и пејачката Шакира и топ моделот Клаудија Шифер.

Во документите ги има и црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и неговиот син Блажо, за кои се вели дека префрлувале пари на офшор сметки во Велика Британија, Швајцарија, Панама, Гибралтар и Британските Девствени Острови.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search