Биди Човек – Ученици среќно!

Дете мое. Не ми е важно дали ќе научиш да множиш и делиш, дали ќе си подобар по математика од синот на комшивката! Не ми е важно дали твоите учители ќе бидат горди за освоените први места по натпревари со тебе, додека ти не знаеш да дадеш лист од средина на другарчето кое заборавило да си понесе тетратка.

Не ми е важно дали ќе добиеш 5-ка по англиски, албански, турски или македонски ако ти не научиш да најдеш заеднички јазик со другите дечиња.

Не ми е важно дали ќе бидеш добар фудбалер ако не знаеш да клекнеш и да му врзуваш патики на брат ти или некое друго дете што е помало од тебе.

Не ми е важно дали ќе научиш да пееш. Но знај, до срцето на другите се стигнува и само со насмевка.

Не ми е важно колку 5-ки ќе ми донесеш, туку колку знаење ќе стекнеш и колку пријателства ќе сочуваш во наредните 20-30 години!

А сликава во прилог, нека биде најголемата лекција за тебе, кога ќе ти текне да ми кажеш дека згрешив што нети купив ташна „Star Wars“! Знам дека си мало, ама ќе пораснеш додека да трепнам, а тогаш ќе е касно да ја стекнеш најбитната особина, а тоа е ЕМПАТИЈА и ДА СЕ БИДЕ ЧОВЕК!

Нека е среќен првиот школски ден

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search