Ветувања за младите: исполнети или заборавени?

Во 2020 година Република Северна Македонија го усвои Законот за младинско учество и младински политики, кој требаше да биде клучен механизам за вклучување на младите во процесите на одлучување. Денес, во 2025 година, можеме да направиме јасен пресек за тоа што е постигнато во изминатите четири години и каде се наоѓа младинската политика сега.

До каде сме? Дали ветувањата за младите се исполнети или заборавени?!

Младинските совети: Дел од општините формираа функционални младински совети, но голем број останаа само на хартија. Таму каде што постојат, тие често се соочуваат со недоволна институционална поддршка и минимални буџети.

Локалните младински центри, ветени од Владата и општините, сè уште не се воспоставени во најголемиот број градови. Повеќе иницијативи останаа на ниво на проекти поддржани од донатори, наместо од системска државна поддршка.

Националните програми за млади покажаа ограничен ефект: иако дел од средства беа распределени, пристапот остана бирократски тежок и често концентриран во неколку организации во главниот град.

Што се случува со младите? Колку навистина се вложува во иднината?

Емиграцијата продолжува да биде сериозен предизвик – младите често не гледаат доволно можности за работа, образование и квалитетен живот.

Неформалното младинско учество (волонтерски иницијативи, младински организации, граѓански акции) бележи раст, што покажува дека постои енергија и волја кај младите, но институциите ретко ја препознаваат и поддржуваат оваа енергија.

Дијалогот младите – институции останува недоволно структуриран. Таму каде што има позитивни примери, тие се резултат на поединечни иницијативи, а не на системска политика.

Време за акција, не за декларации!

Законот создаде рамка, но без сериозна институционална посветеност тој остана делумно имплементиран.

Младинските совети функционираат во ограничен број општини и не се еднакво активни насекаде.

Ветувањата за младински центри и стабилна поддршка за младински организации во најголем дел не се исполнети.

Владата и локалните самоуправи сè уште не ја препознаваат младинската политика како приоритет, туку ја третираат декларативно.

Перспектива за 2025 и понатаму

Потребно е да се прејде од декларативна во реална поддршка на младите преку конкретни буџети, програми и институционална инфраструктура.

Затоа препорачување забрзано формирање и поддршка на локалните младински совети. Воведување обврска за посилни буџетски ставки за младински политики во сите општини. Подобровање на пристопот до национални и локални фондови за младински организации. Поголема транспарентност и отчетност во спроведувањето на ветувањата кон младите и конкретни финансиски поддршки на млади кои стартуваат со бизнис, проекти за млади и сл.

Младите бараат повеќе од симболично учество – сакаат реална моќ во процесите на одлучување.

Доколку државата не обезбеди системски услови за младите, ризикот од „одлив на мозоци“ и губење на младинскиот потенцијал останува голем.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search