Фудбалот денес! Реалноста зад теренот. Поткаст со Ќумбев Панче

Во новото издание на поткастот „Форум Импакт“ можете да проследите разговор со Панче Ќумбев. Легенда на македонскиот фудбал, поранешен репрезентативец со богата кариера во Македонија и Полска, а денес претседател на Синдикатот на фудбалерите во Македонија.

Ќумбев е спортски лик од Велес, чија посветеност на фудбалот и локалната заедница е препознаена дури и со ново фудбалско игралиште кое го носи неговото име. Денес, тој останува на првата линија во борбата за правата и достоинството на фудбалерите, залагајќи се за подобри услови, фер третман и иднина со повеќе можности за младите спортисти.

Слушнете ја неговата приказна – од фудбалските терени во Македонија и Полска, до предизвиците и победите во одбраната на правата на своите колеги.

Во поткастот се разговара за предизвиците со кои се соочуваат фудбалерите во Македонија денес и како Синдикатот планира да ги заштити фудбалерите од неправилности во договорите и неисплатени плати?

Се разговара и и за тоа дали постои и колку е важна транспарентноста на спортските друштва и Федерацијата (ФФМ) за довербата на јавноста и развојот на спортот? Каква е моменталната состојба на ФФМ и какви реформи би биле препорачливи? Дали доволно се вложува вофудбалот или спортот генерално и во развојот на младите таленти? Кои се најчестите проблеми што фудбалерите ги пријавуваат во Синдикатот? Што треба да се промени за да се задржат талентираните играчи во Македонија, а не да заминуваат во странство?

Откако ќе го изгледате поткастот заследете ги и нашите медиски канали: Tik Tok : https://www.tiktok.com/@impactnetmedia

Facebook: https://www.facebook.com/greenpresscom

Instagram: https://www.instagram.com/impactnetmedia/

Слушајте Импакт Радио кој како плеер можете да го најдете на интернет страниците:

www.impact-press.com

www.green-press.com

www.theimpactnet.com

Водител на поткастот е: Стевче Дечев

Техничкото водство при продукцијата е на: Димитар Андонов

Продукција: ИМПАКТ МЕДИА 2025г.

* Изнесените ставови и одговорите на прашањата по поткастот се лични на гостите и не мора да се совпаѓаат со редакцискиот став или во целина со ставот на Фондацијата Импакт Нет и водителот.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search