Демократија во заложништво: како партиите ја поразија граѓанската држава?

Иако Уставот на Република Македонија јасно гарантира основни човекови и граѓански права, вклучително и правото да се бира и да се биде биран, реалноста на политичкиот систем не ги одразува тие уставни принципи. Државата, и покрај уставната формулација, сè уште не функционира како вистинска граѓанска држава.

За да можете да го остварите своето индивидуално право — да се кандидирајте на избори, да учествувате во политичкиот живот — мора да се „вклопите“ во одредена рамка: етничка, партиска, идеолошка. Наместо да се вреднува поединецот со идеи, интегритет и визија, системот го фаворизира колективното — партиските листи, националните квоти, политичките блокови.

Колективот го изеде граѓанскиот концепт.

Наместо вистинска демократија, добивме систем во кој индивидуалноста мора да се подреди на групниот интерес. Денес, дури и независните кандидати — симбол на демократскиот плурализам — се принудени да формираат партии само за да се регистрираат и да учествуваат на избори. Тоа е парадокс: мораш да станеш дел од системот за да можеш да му се спротивставиш.

Во такви услови, уставното право е само формалност, а граѓанинот — сведена фигура во театарот на политичките елити

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search