Се тресеше гората, се роди глушец! Правдата станува политички театар

Во држава каде правдата треба да биде темелот на општеството, станува сѐ појасно дека таа често се применува селективно, со сомнителни методи и без почитување на основното начело – *пресумпцијата на невиност*.

Не е целта да се апси цела држава за да се одвлече вниманието од поважни теми. Но токму тоа го гледаме – човечки животи и кариери стануваат колатерална штета, жртви на политички и лични амбиции. Наместо одговорно и темелно собирање докази, се избрзува со етикети како „криминалци“, пред да има правосилна пресуда и целосно се заборава Пресумпцијата на невиност (се додека не се досуди дека некој е виновен, тој е невин).

Случајот со трагично загинатите во дискотеката во Кочани е јасен пример – апсење на половина град, потоа ослободување на голем дел од приведените. Наместо вистинските одговорни, сега државата ќе плаќа оштета.

Друг пример е апсењето на Ангел Самараков, дел од обезбедувањето на премиерот. Обвинението се темели на докази и снимки добиени без судски налог, а документите што наводно биле „државна тајна или класифицирани податоци“ се само службени белешки – без ознаки за класифицираност, управувани од лица кои никогаш немале сертификат за таков пристап ниту можност за пристап до класифицирани документи.

Правдата не смее да се претвори во театар за јавноста. Со вакви чудни аршини и сомнителни обвинителни акти, се загрозуваат судбини, се уништува довербата во институциите и се продлабочува чувството дека законот не важи еднакво за сите.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search