Молкот на институциите и индиферентноста на граѓаните донесе нови еко хаварии! Оние кои загадуваат неказнети

Во новиот поткаст Форум Импакт, разговараме со Игор Смилев – советник во Општина Велес од политичката партија Левица и еко активист.
Во поткастот, Игор ќе изјави: Живееме во неправедно општество. Ви требаат розови очила да поверувате во извештаите што ни ги сервираат и во кои очекуваат да поверуваме. Тој упатува повик до сите политичари: ако не знаеш каков да бидеш како политичар, следи го јавниот интерес!
Во поткастот размислуваме ГЛАСНО за животната средина со гостинот кој не знае да премолчи и кој е човек со глас што одекнува таму каде што тишината значи согласност. Игор со години е на првата линија во борбата за чист воздух, здрава животна средина и одговорни институции. Без влакна на јазикот, Игор зборува за локалната еколошка реалност, институционалната рамнодушност, но и за можноста граѓаните да станат двигатели на промените.
👉 Како изгледа секојдневието на еден советник кој не се плаши да критикува?👉 Дали Велес се движи кон одржлив развој или тоне во еколошка негрижа?👉 Кој се обидува да го замолчи, и зошто тоа не им успева? Слушајте го овој моќен, искрен и инспиративен разговор – зашто кога Игор зборува, нема игнорирање. „Некои велат: премолчи. Јас велам: гласно, сега!“ – Игор Смилев гостин со кој ни беше малку час и половина да ги опфатиме сите горливи теми поврзани со еко хаваријата на ВЕЛЕШКОТО ЕЗЕРО / поморот во реката ТОПОЛКА, молчаливоста на институциите кои одбираат да останат „глуви“ или можеби е тоа од негрижа, политички интерес или нешто трето?
Дали советниците во Советот на Општина Велес прават доволно или им се врзани рацете? Има ли некаква истрага, одговорност, или најави за санкции за оние што дозволија овие екололошки катастрофи да се случат? Се дел од прашањата. А се разговараше и за децениски најавуваната Депонија, за конфронтацијата со градоначалникот и дали ваквиот пристап носи резултат или го продлабочува јазот? Постои ли соработка помеѓу Левица и власта на локално ниво или таа идеа е мртва? Дали, политиката е предност или кочница која носи и низа судски процеси против вас ако сте гласен.
Во поткастот се проговори и за глобални теми поврзани со КОМУНИЗМОТ и зошто токму комунистички манифест како политичка рамка зошто не некоја поотворена и поблиска до младите левичарска визија?
Дали Левица игра на карта на национализам или на социјална правда? Ќе кандидира ли Левица свој градоначалник? Што би им порачале на граѓаните или како би ја барале нивната доверба на престојните избори?
Откако ќе го изгледате поткастот заследете ги и нашите медиски канали:
Tik Tok : https://www.tiktok.com/@impactnetmedia
Facebook: https://www.facebook.com/greenpresscom
Instagram: https://www.instagram.com/impactnetmedia/
Слушајте Импакт Радио кој како плеер можете да го најдете на интернет страниците:
Водител на поткастот е: Стевче Дечев
Техничкото водство при продукцијата е на: Димитар Андонов
Продукција: ИМПАКТ МЕДИА 2025г.
* Изнесените ставови и одговорите на прашањата по поткастот се лични на гостите и не мора да се совпаѓаат со редакцискиот став или во целина со ставот на Фондацијата Импакт Нет и водителот.