Дали сме спремни за ОЗЕЛЕНУВАЊЕ НА нашите ОПШТИНИ?
![](http://green-press.com/wp-content/uploads/2021/10/maxresdefault-1.jpg)
Денес на полноќ започнува изборниот молк. Имавме можност не само две недели, но неколку месеци наназад да слушаме што политичките партии и независните кандидати имаат да понудат како своја програма за да ја добијат нашата поддршка на локалните избори во недела.
Со цел да допринесеме кон зачувување на животната средина, поквалитетен и похуман зелен живот ние се потрудивме да промовираме низа ситуации, програми и ликови кои работат на полето на озеленување на општините.
Веруваме дека единствено вистинските зелени ликови можат да донесат нешто подобро во нашите општини и локални заедници. Со таа цел ако сакаме да имаме навистина процес на озеленување на општините потребно е да ја дадеме нашата поддршка токму на такви ликови кои се активисти и кои чекорат со огромно зелено искуство.
Овој период видовме дека зелената тема, екологијата, обновливите извори на енергија станаа популарни на политичката сцена. Некои станаа зелени само поради фактот што во Европа се случува имплементација на Зелениот Нов Договор, а во Западен Балкан имплементација на Зелената Агенда, а со тоа и фондовите ќе бидат поголеми. Но ние издвоивме листа на вистински зелени активисти и професионалци кои не од вчера но со години и децении чекорат со низа успешни активности кон доближување на зеленото до сите нас.
Со таа цел сакаме уште еднаш да потсетиме дека поддршката за нив навистина ќе овозможи озеленување на општините.
Поддршката за подолу наведените ќе одговори на прашањето:
КАКО ДА СЕ ОЗЕЛЕНИ НАШЕТО ОПШТЕСТВО?
Граѓаните за да го поддржат зелениот бран во Македонија својот глас ќе можат да го дадат за: